Ковачевски: Внатрепартиските поделби и игри ги сметам за многу непродуктивни

од Vladimir Zorba

СДСМ треба интензивно да ја спроведува европската агенда, но не може да очекуваме дека ЕУ или некој друг ќе ни ги реши проблемите. Приоритет мора да е домашната политика, подигање на животниот стандард на граѓаните, јакнење на економијата. Ова во интервју за МИА го вели Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, кој вчера изјави ќе се кандидира за лидер на партијата, откако социјалдемократите во петокот ја утврдија оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и распишаа внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање што ќе се одржат на 12 декември.

На обвинувањата на опозицијата оти е „маша“ во рацете на Заев, Ковачевски вели оти не е ничиј човек, туку, како што изјави, „човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ“ и оти како долгогодишен член на СДСМ ја очекува поддршката од многу сопартијци, актуелни и минати функционери.

Ковачевски додава дека СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува.

– Во овој процес многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Верувам дека со нова стратегија и реорганизација на партијата брзо ќе ја вратиме и зголемиме поддршката. Јас сум ослободен од внатрепартиски поделби
и игри кои ги сметам за многу непродуктивни. Јас верувам дека можеме да ја вратиме поддршката веќе на следните избори, но само доколку граѓаните и членовите на СДСМ ја видат потребната промена во партијата и начинот на раководење и во Владата и во самата партија, вели тој во интервјуто за МИА.

Слични содржини