Во Владата се одржува настан по повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од Европската унија за справување со енергетската кризата, на кој се обрати премиерот Димитар Ковачевски и евроамбасадорот Дејвид Гир.
-Особено задоволство ми е кога ветеното се реализира и има резултат. Во криза се важни пријателите, а ЕУ докажа дека има слух за нашите барања – да ни помогне кога беше најпотребно, рече Ковачевски.
Како што напомена премиерот, грантот е веќе достапен и овие средства се поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка за малите и средните претрпијатија, за одржување на нивниот бизнис, како и за инвестиции на државата во енергетската транзиција, во обновливите извори и во енергетската ефикасност.
Во октомври лани, потсети премиерот, кога претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен беше во посета на нашата држава, порача дека ЕУ ќе биде покрај Северна Македонија и дека заедно ќе ги надминеме предизвиците од кризата.
-Го потишавме договорот Фронтекс и Фон дер Лајен најави грант од 80 миолиони евра. Овие средства се веќе достапни и ќе се користат како дел од пакетот антикризни мерки вредни над 760 милиони евра. Според Светска банка, ова е највисока буџетска поддршка во регионот за справување со кризата. За 2023 година во посебна програма се предвидени 225 милиони евра за справување со енергетската криза, рече Ковачевски и дополни дека Владата во соработка со сите инстутуции и ЕУ спречи ценовен шок, овозможи стабилно снабдување со електрична енергија, го зголеми домашното производство на струја, обезбеди стабилна цена и стабилизација на инфлацијата која три месеци по ред паѓа.
Пред пристуните се обрати и Гир. Според него, овој настан уште еднаш покажува дека ЕУ ги исполнува ветувањата, дека солидарноста меѓу земјите членки, сегашни и идни, е фундаментална и опиплива вредност.
-ЕУ ќе биде со Северна Макеоднија во време на криза како што ќе биде и во градењето на подобра иднина, рече Гир, обраќајки се на македонски јазик.
И тој потсети дека ЕУ минатата година вети 80 милиони евра, а сега го исполнува тоа. Гир најави и дека во поглед на инвестициите во чиста енергија ќе има уште повеќе поддршка како дел од пакетот од една милијарда евра што ЕУ ги подготви за Западен Балкан.