Ковачевски: Време е за штедење, заврши времето на изобилство

од Берта Китинска

Ова е време на штедење, заврши времето на изобилство со електрична енергија во Европа, меѓутоа ова и време за одговорност. Не може личните интереси на некого да бидат над државните интереси на граѓаните, кажа премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање.

Премиерот посочи дека со планот се опфатени: под број 1 ставање во функција на сите производствени капацитети на државата. Број 2 обезбедување на енергенси за нивно непречено функционирање. Број 3 непречена отвореност во текот на целиот период пред нас на прекуграничните капацитети заради снабдување на електрична енергија од странство која недостасува во нашиот систем.

„Веќе се работи на оспособување на блок три во РЕК Битола. Вчера го замолив менаџментот на РЕК Битола да ги повика медиумите за да можат да се уверат со каква технологија работи РЕК Битола бидејќи во голем дел е експониран во јавноста, да можат преку медиумите и граѓаните да видат дека се работи за технологија 50 години стара направена во време на Југославија. Јас изразив и изразувам голема благодарност до сите вработени до сите технички лица и инженери кои работат и во РЕК Битола и во Осломеј и во ТЕЦ Неготино кои навистина со над човечки напори и голема посветеност успеваат во тие капацитети да произведат електрична енергија. Јас се надевам дека ќе ја прифатат мојата молба за да можат медиумите, граѓаните да се уверат за тоа каква технологија се работи која е 50 години стара.

Исто така, потоа во функција е ставен ТЕЦ Осломеј кој долги години не работеше и ставен е во функција ТЕЦ Неготино. Поточно е ставен првиот котел во функција во ТЕЦ Неготино и тој веќе произведува електрична енергија со моќност од 80 мегавати на час енергија и се работи на пуштање на вториот котел“, рече Ковачевски.

Слични содржини