Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од зголеменото владеачко мнозинство и реконструкцијата на Владата.
-Јас го направив тоа согласно Закон и Устав. Тоа што опозицијата со бесмислени разговори го правеше во Собрание е нивно демократско право. Сметам дека дискусиите можеа да бидат пократки и реконструкцијата да заврши побрзо. Реконструкцијата не е водена од лични и теснопартиски интереси. Сметам дека Алијанса за Албанците направи добар и позитивен чекор со тоа што се придружи кон Владата. Мнозинството е 65 пратеници и тоа е поголемо од претходно и ќе овозможи побрзо и поефикасно работење на Собранието како на носење на законски решенија кои се значајни за продолжување на европскиот пат, така и за законски решенија кои значат реформи во сите важни сектори во државата, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.