Ковачки: МВР поднесува пријави на лица кои учествуваат мирно и достоинствено во протестите

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Масовната поддршка и протестирање на мирен и достоинствен начин е вистинскиот одговор на сценаријата на МВР да преку инфилтратори го попречи народот да си го брани своето достоинство, јазик и корени, вели денеска на прес Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како власта станува понервозна притисоците на МВР се зголемуваат. МВР спротивно на закон поднесува пријави на лица кои учествуваат мирно и достоинствено во протестите и на блокадите. Овие притисоци нема да им поминат, затоа што народот храбро стои зад ставот НЕ на ултиматумите и уцените. ВМРО-ДПМНЕ ќе им излезе во пресрет со правна помош на граѓаните кои по овој основ добиваат пријави по насока од Спасовски. Впрочем, од притисоците на Спасовски страдаат и припадници на МВР кои изминатите денови се прераспределуваат и казнуваат затоа што одбиваат да учествуваат во сценариото на власта за малтретирање на сопствениот народ. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува припадниците на МВР да постапуваат по законот и да пркосат на заканите и уцените на раководството на МВР кои незаконски им ги упатуваат“, вели тој.

Слични содржини