Ковакс: Македонија ќе добие 100.800 вакцини од АстраЗенека

од Nikola Popovski
330 прегледи

Лидерите на Ковакс-механизмот, денеска ја објавија првичната листа, составена од 142 држави кои треба
да добијат вакцини преку овој механизам. Според неа, Македонија треба да добие 100.800 вакцини од компанијата АстраЗенека, но сепак се уште нема точен датум кога тие би пристигнале во нашата земја, соопшти ГАВИ, организацијата задолжена да ја координира програмата Ковакс.

„Овие временски рамки зависат од различни фактори, вклучувајќи ги националните регулаторни барања,
достапноста на снабдувањето и исполнување на други критериуми, како што се валидизирани национални планови за распоредување и вакцинација, договори за обесштетување и одобренија за извоз и увоз“, информираат од Ковакс-системот.

Првиот човек на ГАВИ, Сет Беркли, на денешната прес-конференција, изјави дека во Ковакс се надеваат дека успешно ќе завршат преговорите за купување дополнителни 1,1 милиони дози на вакцина Новавакс.

Тој објасни дека има доцнење во испораката на голем број вакцини од „Фајзер/Бионтек“ за Ковакс поради дополнителни барања на производителите во врска со исплатата на надоместокот.

Генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека се очекува преку програмата КОВАКС до крајот на мај да бидат испорачани 237 милиони дози вакцини против Ковид-19 на компанијата АстраЗенека.

Слични содржини