Ковид-19 во светот: Каква е состојбата до 20 часот?

од Nikola Popovski

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.410.095 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 81.010, а оздравеле 300.739 луѓе.

– Италијанската Влада одобри голем пакет мерки за помош на економијата, дури 750 милијарди евра за компаниите и претпријатијата кои поради епидемијата на Ковид-19 го прекинаа производството. За гаранција на кредитите одобрени се 200 милијарди евра, а истата сума е издвоена и за поттик на извозот, додека 350 милијарди се веќе одобрени за 100 отсто покритие на кредитите до износ од 800 илјади евра на различни фирми.

– Шпанија почна со решавање на проблемите со недостигот на земјоделски работници, предизвикан од епидемијата на Ковид-19, така што одобри времено вработување на десетина илјади имигранти или луѓе без работа.

– Чешките пратеници одлучија вонредната состојба во земјата да се продолжи до 30 април, што е пократок период од оној кој го побара Владата, во борбата против новиот коронавирус.

– Рускиот истражен комитет поднесе кривична пријава за ширење лажни вести на социјалните медиуми дека коронавирусот е создаден во Русија.

– Владата на Летонија ја продолжи вонредната состојба во земјата до 12 мај, што и овозможува да спроведе низа мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

– Нови двајца заразени со Ковид-19 во Црна Гора, со што бројот на заболени случаи достигнавкупно 241 лице, соопшти Институтот за јавно здравје.

– Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Италија се зголеми за 604 и сега изнесува вкупно 17.127, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Вкупниот број на заразени во земјата се зголеми за 3.039 и достигна 135.586 заболени лица.

– Во Велика Британија бројот на смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа изнесува 786 и достигна вкупно 6.159 лица, соопшти британското Министерство за здравство.

– Речиси 60 отсто од 217 патници, од кои многумина од Австралија, Европа и САД, а кои се наоѓаат на крузерот „Грег Мортимер“ покрај брегот на Уругвај, се позитивни на новиот коронавирус. Ниту еден од патниците кои биле позитивни на Ковид-19 моментно не чувствува треска, соопшти австрискиот бродски оператор „Аурора Експедишнс“, која работи на помош и обезбедување летови за патниците и екипажот до нивните матични земји.

Слични содржини