Ковид-биланс: 694 оздравени и 572 новозаразени пациенти

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа се потврдени 572 нови случаи на Ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.

Регистрирани се 287 случаи во Скопје, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес – 19, Гостивар – 15, Прилеп – 14, Битола, Кочани и Радовиш – по 11, Струмица – 10 и по 9 случаи во Охрид и Струга.

Потоа, регистрирани се по 8 случаи на Ковид-19 во Штип и Свети Николе, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2 и по 1 во Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица.

Исто така има 694 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 340, Куманово – 63, Струмица – 49, Гостивар – 45, Тетово – 44, Дебар – 21, Штип  – 19, Радовиш – 18, Кавадарци и Велес – по 14, Гевгелија и Крива Паланка – по 11, Неготино – 9, Делчево – 7, Кочани и Виница – по 5, Кратово – 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево и Берово – по 2 и по 1 од Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.277.

Слични содржини