Ковид-биланс: 7 смртни случаи, сите се починати во болнички услови

од Nikola Popovski
198 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се 7 починати лица од коронавирус.

По градови, двајца пациенти од Скопје (61 и 91г) и од Струмица (63 и 73г), по еден од Тетово (76г), Штип (59г), и Кочани (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767.

Слични содржини