Ковид-биланс: Два града имаат НУЛА активни случаи, во Пехчево само еден заразен

од Nikola Popovski

Бројот на активни случаи на ковид 19 во земјава се намалува.  Во моментов најголем број има во Скопје 1129, додека пак Демир Капија и Дојран имаат нула активни случаи.

Од последниот извештај на Министерството за здравство, во пет градови има помалку пет заразени во моментот, а тоа се Берово со 4, Валандово 4, Богданци 3, Македонски Брод 2 и Пехчево со само 1 случај.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68412, Активни 1129
Куманово 8805, Активни 257
Прилеп 8283, Активни 122
Тетово 7207, Активни 104
Битола 6286, Активни 183
Велес 5467, Активни 69
Гостивар 5164, Активни 45
Кавадарци 5150, Активни 38
Охрид 4994, Активни 186
Штип 4956, Активни 50
Струмица 4106, Активни 77
Струга 2979, Активни 65
Кочани 2785, Активни 47
Кичево 2550, Активни 74
Гевгелија 2190, Активни 25
Неготино 2182, Активни 21
Свети Николе 1522, Активни 35
Ресен 1233, Активни 33
Крива Паланка 1219, Активни 7
Радовиш 1150, Активни 57
Берово 1027, Активни 4
Делчево 971, Активни 25
Дебар 939, Активни 5
Виница 881, Активни 47
Пробиштип 789, Активни 11
Валандово 665, Активни 4
Богданци 493, Активни 3
Крушево 489, Активни 22
Демир Хисар 397, Активни 18
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 373, Активни 20
Македонски Брод 358, Активни 2
Пехчево 268, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 12
Дојран 132, Активни 0.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.148 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Слични содржини