Според последните бројки на Министерството за здравство, во последните 24 часа регистрирани се 156 нови случаи на корона од 1.309 тестирања.
Билансот по градови изнесува: Скопје – 91, Кавадарци – 19, Битола – 13, Прилеп и Куманово – по 8, Кочани – 3, Струга – 2, Тетово, Штип, Охрид, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 326 оздравени пациент од: Скопје – 135, Куманово – 30, Кавадарци – 23, Штип – 21, Битола и Крива Паланка – по 18, Прилеп – 17, Велес – 14, Кочани – 11, Тетово, Кратово и Неготино – по 6, Пробиштип – 5, Богданци и Виница – по 3, Кичево и Гостивар – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Делчево, Радовиш, Крушево и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.409.078 тестирања на Ковид-19.