Ковид-биланс во светот: 1,5 милиони починати, 66 милиони биле заразени

од Nikola Popovski
359 прегледи

Во светот, 1.529.324 лица починаа од коронавирус, додека 66 милиони и 498.750 лица се заразени, според новиот биланс собран до 11:00 часот по локално време, што го објави денес агенцијата Франс Прес. Од вкупниот број на заразени, најмалку 42 милиони и 166 400 лица се сметаат за излекувани.

Бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

САД, каде што беше регистриран првиот смртен случај на почетокот на февруари, се најмногу погодени од вирусот. Во таа земја починале 281.206 лица, заразени се 14 милиони и 584.706 лица, а излекувани се пет милиони и 576.026 лица.

После САД, земјите со најголем број на смртни случаи се – Бразил (176.628 смртни случаи и 6.577.177 заразени), Индија (140.182 смртни случаи и 9.644.222 инфицирани лица), Мексико (109.456 смртни случаи и 1.168.395 заразени) и Велика Британија (61.014 смртни случаи и 1.705.971 заразено лице).

Кина, без територијата на Хонг Конг и Макао, каде започна епидемијата во декември 2019 година, официјално има 86.619 заразени и 4.634 мртви. Излечени се 81 706 лица.

Латинска Америка и Карибите имаат 457.911 смртни случаи и 13.452.163 заразени лица, Европа 442.191 смртни случаи и 19.585.889 заразени, САД и Канада 293.789 смртни случаи и 14.991.542 инфицирани лица, Азија 199 482 смртни случаи и 12.705 883 инфицирани лица, Блиски исток 81 445 смртни случаи и 3.480.566 заразени лица, Африка 53.564 смртни случаи и 2.252.289 заразени и Океанија 942 смртни случаи и 30.418 заразени.

Франс Прес прави дневен биланс заснован на државните податоци од земјите ширум светот и информациите од Светската здравствена организација.

Слични содржини