Ковид-биланс во земјава: 101.762 лица биле заразени од почетокот на пандемијата

од Nikola Popovski

Од ланскиот 26 февруари, кога беше откриен првиот случај на коронавирус, до денес билансот на заболени во земјава е 101.762 лица, велат од Министерството за здравство. Во листата на починати се запишани 3.111 граѓани, а битката со коронавирусот ја добија повеќе од 90.600 лица.

Анализата на вирусот кај новодијагностицираните покажала дека кај 70 проценти  се работи за т.н. британски сој. Најмногу има во Кавадарци, Прилеп и Охрид, каде што, според вчерашната статистика, се и најбројните активни случаи по Скопје (Прилеп има 604, Кавадарци – 559, Охрид – 403).

Министерот на прес-конференцијата кажа дека се прави анализа по региони и кога ќе биде завршена ќе се види дали ќе бидат препорачани дополнителни рестриктивни мерки, дали ќе има за одделни градови и региони и нешто што ќе важи за територијата на целата држава.

-Сега не можеме да бидеме сигурни дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или е само некој минибран кој се случува овие денови, изјави Филипче.

Во болниците низ земјава (на инфективните оддели и во ковид-центрите), се хоспитализирани 675 пациенти заразени или сомнителни на коронавирусот, од кои 253 во главниот град и 422 во другите градови. Министерството за здравство соопшти дека има 370 празни болнички кревети.

Слични содржини