Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направен е 6.531 тест, а регистрирани се 632 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 470, Охрид – 35, Прилеп – 25, Кавадарци и Штип – по 17, Струмица – 14, Велес – 10, Гевгелија – 9, Кичево – 5, Неготино – 4, Куманово – 3, Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци – по 2, Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип – по 1.
Регистрирани сe 248 оздравени пациенти од: Скопје – 142, Битола – 22, Кавадарци – 13, Охрид – 10, Прилеп – 7, Куманово – 6, Штип, Струмица, Велес и Гевгелија – по 5, Валандово, Ресен и Македонски Брод – по 4, Тетово, Богданци и Берово – по 3, Дојран – 2, Кичево, Неготино, Струга, Кочани и Делчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 76г) и Битола (40г и 75г) и по едно починато лице од Прилеп (67г), Охрид (72г) и Крушево (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно лице од Прилеп, Кратово, Дебар и Гостивар, починати во период од 20.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 69 години до 87 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Направен е 6.531 тест преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-399, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-223, Авицена-0, Биотек-222, Систина-220, лабораторија Лаор-52, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб лаб-1.735, ВФВ Медикал-209, Ели Медика-0, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–265, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.895.
Досега во земјата се направени вкупно 1.648.399 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 232.068, бројот на оздравени пациенти е 214.506, на починати е 8.023, а бројот на активни случаи изнесува 9.539.