Во земјава започна имунизацијата против ковид 19. Министерството за здравство информира дека досега преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ 55.970 лица ја пополниле формата за аплицирање преку искажување на интерес за вакцинација против КОВИД-19. Преку матичниот лекар, за вакцинација се пријавиле 29.209 лица. Од оваа вкупна бројка, 38 илјади лица над 70 години се пријавени за вакцинација.
До крајот на месец февруари, се очекуваат да пристигнат и 200-те илјади вакцини од Народна Република Кина.
Според денешната статистика најголем број активни слуачи има во Скопје, по него следат Кавадарци и Охрид.
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно):
Скопје 42900, активни 2845
Куманово 5420, активни 244
Тетово 5312, активни 225
Прилеп 4965, активни 393
Гостивар 3713, активни 116
Штип 3590, активни 92
Битола 3339, активни 127
Велес 3313, активни 229
Охрид 3089, активни 367
Кавадарци 3023, активни 438
Струмица 2638, активни 149
Струга 2337, активни 159
Кочани 1777, активни 48
Кичево 1752, активни 59
Свети Николе 1100, активни 24
Гевгелија 1090, активни 102
Неготино 1066, активни 94
Дебар 785, активни 42
Ресен 784, активни 66
Крива Паланка 775, активни 46
Радовиш 741, активни 41
Делчево 713, активни 224
Берово 631, активни 34
Пробиштип 526, активни 20
Виница 507, активни 23
Валандово 347, активни 19
Демир Хисар 256, активни 11
Кратово 257, активни 28
Македонски Брод 251, активни 8
Крушево 246, активни 47
Богданци 233, активни 10
Демир Капија 227, активни 28
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 183, активни 3
Дојран 95, активни 12
Според вчерашните информации дури 50 отсто од тестираните примероци на ковид 19 биле од британскиот сој, изјави министерот за здравство Венко Филипче во Топ Тема.
-Се поголем е процентот, на тестираните примероци од јануари па наваму, најновите бројки покажуваат дека 50 проценти од позитивните тестови припаѓаат на британскиот сој. Затоа сме внимателни со опуштањето, бидејќи на пациентите со овој тип на коронавирус почесто им е потребна хоспитализација, односно полесно се пренесува. Вкупно досега во Македонија се детектирани 30 мутации на корона вирусот, рече Филипче.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.