КОВИД ОСТАВА ДЛАБОКИ ПОСЛЕДИЦИ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ, а сега има доказ за тоа!

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Научниците во последните месеци дошле до заклучок дека многу луѓе не можат да закрепнат од Ковид со месеци.

Во текот на изминатите две години од пандемијата, научници и лекари заклучиле дека Ковид-19 остава длабоки последици по менталното здравје, и на краток и на долг рок.

На почетокот на пандемијата, стана јасно дека тешките случаи на Ковид може да доведат до мозочен удар, депресија, анксиозност и конфузија. Се проценува дека во раните фази на инфекцијата, приближно секој четврти човек е депресивен и секој осми доживува анксиозност.

На долг рок, невролошките и менталните последици можат да бидат многу поголеми: студија објавена во „Лансет“ на 230.000 луѓе кои се опоравиле од Ковид покажа дека на приближно една третина од нив им било дијагностицирано невролошко или психијатриско нарушување во рок од шест месеци по прележан коронавирус.

Слични содржини