Ковид-потврдите се задолжителни за сите работници во Италија

од Nikola Popovski
204 прегледи

Италија ќе ги направи „зелените потврди“ за Ковид-19 задолжителни за работниците во јавниот и приватниот сектор, изјави вчера италијанската министерка за регионални работи, Маријастела Џелмини, пренесеРојтерс.

Потврдата, во дигитална или печатена форма, ќе покаже барем една од трите работи – дека лицето примило барем една доза од вакцината, дека е негативно на ПЦР -тестот или дека го прележало вирусот.

Италија е меѓу групата земји што ја направија потврдата задолжителна за пристап до музеи, спортски сали или ресторани.

Министерката Гелмини за државното радио изјави дека на министерскиот состанок ќе зборува за задолжителното поседување на сертификат за вработените.

„Се движиме кон задолжителен ковид-сертификат не само за работниците во јавниот сектор, туку и во приватниот сектор“, рече таа за радиото РАИ.

Фото: Ralf Liebhold/Shutterstock

Слични содржини