Ковид пресек по градови: Каде има најмногу, а каде најмалку заразени?

од Берта Китинска
295 прегледи

Изминативе денови забележан е раст на бројот на починати лица по компликации со коронавирусот. Во моментов во земјава вкупниот број на починати е 3.503, додека на активни случаи изнесува 14.851.

Владата на вчерашната седница донесе одлука полицискиот час кој стапи на сила на 10 март да продолжи до 6 април. Засега ограничувањето на движењето е од 22 до 05 часот.

Министерот за здравство Венко Филипче нагласи дека доколку ситуацијата се влоши, ќе бидат донесени  поригорозни мерки.

Според податоците на  министерството за здравство, најмногу активни случаи со ковид 19 има во овие градови:

Скопје 53370, активни 7604
Прилеп 6529, активни 940
Куманово 6271, активни 547
Тетово 6003, активни 452

Кавадарци 4116, активни 616

Охрид 3811, активни 559

Градови со најмалку активни случаи се  Македонска Каменица каде се регистрирани 3, а во Дојран 9 активни лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.

Слични содржини