340
Последниот ковид-пресек во државата покажа дека од направени 2.560 тестови, регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (378), регистрирани се 58 реинфекции.
Според Министерството за здравство, регистрирани сe и 432 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1.889.266 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД – дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.081,бројот на оздравени пациенти е 283.908, а бројот на активни случаи изнесува 4.172.