Изминативе денови во земјава е регистриран зголемен број на активни случаи на ковид 19.
Министерот Филипче во своето гостување на Сител додаде изјави дека следната недела ќе биде критична за состојбата со вирусот согласно проценката на промена на инциденцата во различни градови на државата.
-Некаде веќе има умерено намалување а некаде се уште не и тоа го гледаме по протисокот во болниците. Мислам дека следната недела ќе биде критична, брановите обично трaaт шест до осум недели, веќе истекува шестата недела и се соглaсувам дека пикот можеби е веќе пред нас, рече Филипче.
Дополнителна рестрикција, како што рече, нема да даде резултати затоа што веќе вирусот е широко распространет.
Според податоците на министерството за здравство коронавирусот најмногу се шири во седум градови.
Скопје 56744, активни 9490
Прилеп 6905, активни 1085
Куманово 6666, активни 817
Кавадарци 4361, активни 742
Велес 4373, активни 693
Битола 4261, активни 659
Охрид 4051, активни 732
Најмалку активни случаи има во Дојран каде се регистрирани само 11 лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.