Четири иницијативи за утврдување на уставноста го сочинуваат дневниот ред на петтата седница на Уставниот суд на Северна Македонија што е закажана за денеска.
Како што соопштија од прес-службата на Уставен суд, првата иницијатива е поднесена од еколошката групација „Грин пауер“ од Велес, Движење за социјална правда „Ленка“ од Скопје и политичка партија „Левица“ од Скопје.
Втората иницијатива се однесува за одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест COVID-19 и сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Останатите две иницијативи кои се најавени дека ќе бидат разгледани денеска се однесуваат на делот на Законот за данок на личен доход и за исплата на регрес на комунално претпријатие во Делчево.