Коза ностра се однесува како Робин Худ: Им помага на сиромашните Италијанци, но властите предупредуваат што се крие зад тоа

од Aleksandar Petrovski
113 прегледи

Криминалните организации во Италија дистрибуираат прехранбени производи на најсиромашните и им помагаат во одобрување на заеми без камати за да ги намамат за време на епидемијата на коронавирусот, предупреди новинарот и експерт за мафија Роберто Савијано.

Мафијашките групи гледаат да влезат во некои од работните места кои сега се во тешкотија и чекаат европска финансиска помош, рече Савијано, кој исто така е автор на книгата „Гомора“ за мафијата Камора во Неапол.

„Мафијата само чека некоја криза“, а деловните субјекти ќе бидат жртви бидејќи ќе најдат нови партнери поврзани со овие криминални организации.

„Станувате партнер затоа што влегувате во деловно работење. Тоа не е како некој да влегува со пиштол, туку тоа се финансиски советници во одреден момент“, додаде Савијано.

Според него, ако Европа не интервенира, мафијашките пари веќе во Германија, Франција, Шпанија и Белгија ќе се размножуваат неконтролирано.

Покрај обезбедувањето храна на најсиромашните во Неапол, „рекетарите“ ја намалија каматата за позајмените пари на барање на Камора.

„Зошто? Да се ​​добие нешто за возврат“, рече Савијано, кој моментно живее во Њујорк, а има полициска заштита откако ја издаде книгатаа во 2006 година, поради бројните закани што ги добивање.