Екипата на Кожув, единствениот македонски претставник во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ), попладнево гостува во Софија кај Левски во натпревар од последното коло од четвртфиналната група Д.

kozuv-tajmaut-bibl-615x400

На гевгелиската екипа која со скор од две победи и три порази како и косовскиот тим Пеќ е на второто место на табелата, ќе атакува на победа за да обезбеди пласман во полуфиналето на ова натпреварување.

Победата е императив за кошаркарите на Кожув доколку сакаат сами да решаваат за својата иднина, во спротивно, ќе мора да го чекаат исходот од мечот меѓу Пеќ и Сигал кој ќе се игра еден час подоцна.

Средбата Левски – Кожув ќе започне од 18 часот и 30 минути.

Пласман во полуфиналето од Ц групата обезбедија екипите на Морнар и Берое кои ги освоија првите две позиции во ова група. /МИА

Слични содржини