Кожув убедливо го победи составот на Фени индустри во првото коло од втората фаза во БИБЛ-лигата. Во дуел клубот од Гевгелија ги совлада кавадарчани со 89-73. Македонското дерби во рамките од групата Ц требаше да донесе борбена игра и израмнетост, но наместо тоа мина во знакот на Кожув, кој целосно доминираа на теренот и сосема заслужено се радуваа на победата.
Во текот на натпреварот најефикасни беа Мекнил со 25 и Хол со 16 поени. Најдобри поединци кај Фени индустри при вечерашниот пораз беа Кире Николовски со дабл-дабл од 16 поени и 10 скока и Ѓекиќ, кој постигна 14 поени.
Фени индустри и Кожув заедно со Сутјеска со по четири бода се наоѓаат на делба на второто место на табелата во својата група, со два бода заостанување зад лидерот Берое.