Коѕијас: Договорот е вин-вин за двете страни

од Vladimir Zorba

 Надеж дека граѓаните ќе гласаат позитивно на референдумот изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за рускиот весник „Известија“, бидејќи смета дека договорот е добар, вин-вин и урамнотежен.

– Мислам дека референдумот е еден дел од ратификацијата на договорот согласно со одлуките на раководството на Северна Македонија. Треба да се добие референдумот за да биде ратификуван договорот. Интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е избор на оваа држава. Ние едноставно нема да ги спречиме и ќе им помогнеме на нивниот европски пат. Да знаете дека решението на овој проблем им служи на националните интереси на Северна Македонија и на Грција. Тоа е проблем што формално постои 25 години, а реално 75 години, рече Никос Коѕијас во интервјуто за весникот, направено по повод неговата посета на Москва и средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави дописничката на МИА од Атина.

Слични содржини