Коѕијас: Ние сме цврсто за унитарноста на БЈР Македонија

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас синоќа упати предупредување до оние кои „размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот“ и менување на границите.

Ομιλία του προέδρου της  Κίνησης Ιδεών και Δράσης ΠΡΑΤΤΩ και υπουργού Εξωτερικών Νίκου Κοτζιά σε εκδήλωση με θέμα “Ποιος είναι ο ρόλος της Ελλάδας σε έναν κόσμο που αλλάζει;”, Τετάρτη 23 Νοεμβρίου 2016 ΑΠΕ-ΜΠΕ/ΑΠΕ-ΜΠΕ/ΝΙΚΟΣ ΑΡΒΑΝΙΤΙΔΗΣ

„Грција е цврсто во корист на стабилноста во регионот. Ова се однесува и на нашиот северен сосед. Ние сме цврсто во полза на унитарноста на БЈР Македонија, ние сме единствените кои дури ни денес не се мешаат во нејзините внатрешни работи и ќе го браниме нејзиното постоење“, изјави Коѕијас.

Според него сега се наоѓаме во ера каде има стабилност, која бара стабилност во меѓународните правила и во спроведувањето на меѓународните односи, но пред се, „бара голема почит кон границите“.

Шефот на грчката дипломатија ова, меѓу другото, го изјави во говор на презентација на книгата на поранешниот министер на ПАСОК, Никос Сифунакис за историјата на грчката заедница на турските острови.