33
Грабеж на гробиштата „Бутел“ бил пријавен вчера во полиција. Според МВР, на 22.04.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(49) и Б.В.(51), двајцата од Скопје, пријавиле дека во периодот од 22.02.2025 до 21.04.2025 на Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзена бисти.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова е втор случај во неколку дена со кражба на бронзена биста од гробишта. Неодамна скопјанка пријавила дека од гробиштата во Ѓорче Петров со употреба на физичка сила била одземена една бронзена биста.