Крај на љубовта? Дали е ова последниот доказ дека Северина и Којиќ веќе не се заедно?

од Vladimir Zorba

Заврши ли љубовната врска меѓу Северина и Игор Којиќ? Српските медиуми уште пред две недели пишуваа дека имало голема расправија меѓу брачниот пар, а после тоа Северина ги спакувала торбите и се вратила во Загреб. Причината, според Информер, е расправија околу базенот во куќата на Кеба, кој пејачката сакала да го реновира.

– Побара да купи голема гарнитура и лежалки за дворот за да може да се сонча и да се слика за Инстаграм. Таа, исто така, имаше забелешки за базенот на Кеба, па предложи да го реконструираат, да стават нови плочки и да го наполнат со морска вода. Тогаш пукна филмот на Којиќ“, изјавил извор за „Информер“.

После тоа, Игор ја избриша својата профилна фотографија на Инстаграм, и дека нешто не е во ред може да се забележи од фактот дека и двајцата не се следат едни со други на таа социјална мрежа. Имено, досега, двајцата се следеа само едни со други – Игор Северина, и Северина Игор. Од неодамна, ниту Игор ниту Северина не следат никого.

Којиќ објави вчера на Инстаграм, па веднаш отстрани фотомонтажата. На неа беше гушнат со Северина, а Милан Поповиќ демнеше од грмушки.

– Генерални покровители на мојот брак, од сигурни шумски извори – напиша Којиќ, кој на монтажата ја додаде песната „Намќор“ од Ѓорѓе Балашевиќ, во која стиховите се „А тебе те сакам, тоа е факт, ти си ми единствена љубов“.
Многумина ја протолкуваа таа порака како порака за Северина. Којиќ исто така обележа два медиуми од Србија и Хрватска, со хаштагот „DostaakoBogaznate“.

Слични содржини