Американскиот претседател Доналд Трамп го контактира рускиот претседател Владимир Путин во средата, 12 февруари, за да разговара за неколку важни теми со фокус на војната во Украина, која се приближува на третата годишнина (конфликтот започна на 24 февруари 2022 година). По разговорот со Путин, Трамп разговарал и со Володимир Зеленски, претседателот на Украина и воделе дијалог за истата работа.
Зеленски не бил среќен затоа што прво бил остварен со Путин и се чувствува некако „настрана“ во преговорите во кои е вклучена неговата земја. По разговорите со рускиот и украинскиот претседател беше објавено дека Саудиска Арабија е најверојатната земја во која Путин и Трамп ќе се сретнат за да ја решат судбината на Украина, а порталот „Firstpost“ објаснува зошто е избрана токму оваа земја.
Според Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР), војната во Украина ги однесе животите на околу 12.500 цивили, повредени се повеќе од 28.000 луѓе, остави многу без покрив над главата и уништи инфраструктура вредна над 1 милијарда долари. Од почетокот на конфликтот, според украинскиот претседател Володимир Зеленски, украинската армија изгубила околу 43.000 војници, а околу 370.000 се ранети.
Според пишувањата на „Firstpost“, не случајно е избрана Саудиска Арабија за земја во која ќе се сретнат Путин и Трамп. Американскиот претседател создаде добри деловни врски во неговиот прв претседателски мандат (2016 – 2020 година), вклучувајќи проекти за недвижнини вредни милијарди долари и саудиско финансирање на турнирот за голф LIV.
Исто така, за време на неговиот прв мандат, Трамп го избра Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, за своето прво патување. Овој потег на Трамп ја прекина традицијата американскиот претседател прво да ги посети клучните сојузници како Велика Британија.