Кралицата Елизабета II започна 8-дневна жалост за принцот Филип

од Vladimir Zorba

Кралицата Елизабета II започна осумдневна жалост за нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој по долго и тешко боледување почина денес во замокот Виндзор.

Во овој период, законите нема да добијат кралска согласност, а државните работи ќе бидат привремено запрени во знак на почит, објави „Мирор“.

Периодот на кралска жалост ќе продолжи во следните 30 дена, по што кралицата ќе се врати во јавниот живот и своите должности.

Иако Филип има право на државен погреб, тој пред својата смрт изрази желба церемонијата на простување да се изврши што е можно поскромно. Тој веќе беше запознаен со деталите за церемонијата, во координација со канцеларијата на лордот Чембрлен од Бакингемската палата.

Наместо во опатијата Вестминстер, се претпоставува дека телото на Филип ќе биде положено во палатата Сент Џејмс, каде што беше телото на принцезата Дајана неколку дена пред нејзиниот погреб во 1997 година.

На граѓаните нема да им биде дозволено да го гледаат телото.

Што се однесува до погребот, се верува дека списокот со присутни ќе се сведе само на семејството, пријателите и шефовите на држави на Комонвелтот, кои ќе присуствуваат на церемонијата во капелата Сент Џорџ на замокот Виндзор, што ќе потсетува на воен погреб.

Сè ќе треба да се прилагоди на рестриктивните мерки поради Ковид пандемијата.

Додека многу британски монарси се закопани во опатијата Вестминстер и капелата Свети Џорџ, местото за одмор на принцот Филип ќе биде на друга, приватна локација, што може да биде градините Фрогмор, на имотот на замокот Виндзор.

Што се однесува до кралицата Елизабета, постои план. Позната е како „Operation Forth Bridge“, и детално ја опишува низата настани.

„Forth Bridge“ е името на мостот што го поврзува Единбург со Перт. Отворен е во 1964 година.

Велика Британија веднаш ќе влезе во период на национална жалост, во кој, меѓу другото, сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје, а ТВ-презентерите ќе мора да носат црно. Членовите на парламентот ќе носат црни панделки на ракавите.

Слични содржини