Елизабета II тажи по нејзината домаќинка која почина по кратка болест. Според британските медиуми, кралицата сериозно ја прифатила загубата на 72-годишната Анет Вилкин, која верно ѝ служела 45 години.
“Ја знаев многу добро Анет – една прекрасна дама, која беше многу корисна кога бев во замокот Виндзор. Почивај во мир, Анет “, напиша Дики Арбитер, поранешен прес-секретар, на Твитер.
Се верува дека Нејзиното Височество го прекршило протоколот со одење на погребот на нејзината слугинка која почина по кратка болест. Таа направила такво нешто и за нејзините други вработени блиски до нејзиното семејство.
Покојната службеничка стопанисуваше и со имотот “Фрогмор хаус”, каде принцот Хари и неговата сопруга Меган се преселија откако се венчаа. Според извори на списанието “Hello”, таа се разбирала одлично со Војводата и Војвотката на Сасекс.
Најновиот јавен настап на Анет Вилкинсон беше во документарецот на Би-Би-Си за замокот Виндзор. Тогаш таа на шега рече дека Елизабета Втора е добар шеф кој гледа сè.