Неколку часа траеше состанокот на имотот на кралицата во Сандрингем на кој се одлучуваше за судбината на Хари и Меган Маркл, пишуваат британските медиуми. За ситуацијата, веднаш по состанокот, со соопштение излезе самата кралица.
„Денес моето семејство имаше многу конструктивна расправа за иднината на мојот внук неговото семејство. Моето семејство и јас во потполност ги поддржуваме желбите на Хари и Меган за создавање на нов живот како младо семејство. Иако би сакале тие да останат постојано како вработени членови на кралското семејство, ги почитуваме и разбираме нивните желби да живеат самостален живот како семејство, а при тоа да останат ценет дел од кралското семејство“, се вели во службеното соопштение на кралицата.
„Хари и Меган јасно дадоа до знаење дека во новиот живот не сакаат да зависат од јавните средства. Затоа е договорено дека ќе претстои транзиционен дел во кој војводата од Сасекс ќе поминува време во Канада и Велика Британија. Ова се сложени прашања за кои моето семејство ќе одлучи и ќе треба да се завршат уште некои работи, но побарав конечната одлука да биде донесена во наредните денови“, додала кралицата.
За потсетување, пред пет дена Војводата од Сасекс, на изненадување на сите на инстаграм ја објави одлуката за напуштање на кралството и отстапување од кралските должности. Исто така најавија дека ќе се преселат во Канада.