Кралицата негодува, но на Кејт не и е гајле – и се допаѓа и ги носи, а сега сите полуделе по нив! Станува збор за …

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Кралицата не одобрува, но војвотката не обрнува внимание на тоа: Чевлите на Кејт, кои ќе ги носиме цело лето!

 

Се што ќр облече Војвотката Кејт Мидлтон, веднаш станува главниот тренд и се продава во целиот свет, а ова лето сите продавници ќе го имаат омилени нејзините чевли со платформа. Токму поради нив таа доби критики од кралицата Елизабета, на која не и се допаѓа овој не до таму елегантен изглед, но Кејт не отстапува и има добри причини за тоа.

Во пролетните колекции на нашите омилени брендови доминираат чевли на платформа во различни бои и стилови, но експертите велат дека причината е дека тие совршено се комбинираат изгледаат шик и на сите им стојат добро!

Кејт стана модна икона на успешна жена која има многу обврски, а сака да изгледа добро во секој момент.

Таа ги обожава овие чевли и ги носи во различни пригоди. Без разлика дали се направени од плута или друг материјал, чевлите на платформа се идеален избор, ако планирате да поминете цел ден на нозе, без страв дека ќе почувствувате болка.

Модните експерти велат дека тоа ќе бидат најпосакуваните чевли ова лето, бидејќи можат да се носат во различни пригоди, од прошетки низ градот со фармерки и кошула, до вечерни варијанти со секси фустан.