Кралицата нема милост: Хари доби уште една забрана поради која му е многу тешко

од Elena Daskalova

Со повлекувањето од примарните кралски функции, принцот Хари, свесно или несвесно се повлече од уште многу други нешта, функции и привилегии кои дотогаш ги имаше.

Најпрво тој ја изгуби титулата „негово кралско височество“, воените титули и голем број јавни повластици, а сега ја губи и кралската воена униформа.

Според правилата, сите кои ја напуштаат таа функција можат да ги носат ордените и чиновите, но не и самата униформа. Тој двапати беше дел од две воени мисии во Авганистан, а меѓу соборците е познат како „капетан Велс“.

Следен пат кога ќе биде на некој настан поврзан со војската, принцот Хари ќе мора да биде облечен во цивилна облека, бидејќи веќе не е дел од ниту една воедна единица, изјавил лорд Вест од Спитхед, кој бил на чело на британската морнарица.

Наводно, кралицата сакала да ја одземе и титулата војвода од Сасекс и да го назначи за гроф од Дамбартон, но принцот Чарлс се спротивставил, па Хари и Меган ја задржале барем таа титула.

Слични содржини