171
Меган Маркл и Хари наскоро започнуваат со своите последни кралски обврски на територија на Велика Британија и остатокот од Европа, пред официјалното повлекување на крајот од овој месец.
Кралицата Елизабета не била воодушевена од намерата Меган и Хари да го остават Арчи во Канада, бидејќи тоа би значело дека нема да помине доволно време со него. Но, парот има навистина силна причина зошто тие го оставаат во Канада.
Имено, нив ги плаши брзото ширење на коронавирусот и потврдените случаи на заболени. Меган и Хари знаат како да се заштитат себе, но сметаат дека изложувањето на малиот Арчи на таков ризик е сосема непотребно, колку и да не ѝ е драго на кралицата поради тоа.