Кралицата стравува: Била во контакт со заразен со коронавирусот

207 прегледи

Откако одекна веста дека се одложува кралската венчавка на принцезата Беатрис и нејзиниот свршеник, мултимијардерот Едоардо Мапели Мози, поради коронавирусот, а меѓу останатото и прославата за 99 роденден на принцот Филип, странските медиуми пишуваат дека во кралското семејство владее голема загриженост околу новонастанатата ситуација поради пандемијата.

Стравот од коронавирусот во кралското семејство се проширил откако водителот на британската програма Пирс МОрган истакна дека кралицата се сретнала со премиерот на Обединтетото кралство Борис Џонсон, неколку дена откако имал прием на кој учествувал и членката на парламентот Надин Дорес, која е заразена со коронавирусот.

– Била во контакт со Борис, а потоа со повеќе од кралското семејство – рекол извор за британските медиуми.

Се преземаат мерки за да се расчисти дали Надин се заразила по или пред средбата со Џонсон.

Слични содржини