Кралицата Елизабета неколку дена размислуваше што ќе направи за да се заштити од коронавирусот. Со својот сопруг принцот Филип, отпатува во дворецот Винздор. Таму секоја година го поминуваат Велигден, а сега одморот го започнаа малку порано.
Од својата резиденција во Винздор, се обрати на нацијата.
– Филип и јас стигнавме во Винздор, јасно ни е дека пред нас е тежок период и дека целата држава и остатокот од светот се грижи за своето здравје. Не сите ни е советувано да го смениме секојдневието и да се прилагодиме на новонастанатата ситуација. Треба да го чуваме своето здравје и да мислиме на останатите, на целата наша заедница, а особено на оние најчувствителните. Многу од нас треба да најдат нови начини да останат во контакт со саканите и семејството и да ги осигураат од опасноста. Уверена сум дека сме подготвени за тој предизвик. Можете да бидете сигурни дека јас и моето семејство сме подготвени да ја одиграме нашата улога во сето ова – се вели во соопштението.
Според пишувањето на британските медиуми, во наредниот период кралските должности ќе ги преземе принцот Вилијам, Тој воедно е и втор во наследство за тронот. Пред него е единствено неговиот татко, принцот Чарлс. Меѓутоа, тој исто така е подложен на опасност од заразата, па е подготвен за изолација.