408
Меган Маркл и принцот Хари започнаа нов живот надвор од Велика Британија. Тие сега живеат на релација САД-Канада и не се експонираат со своите активности пред јавноста.
Исто така, имаат и повеќе време за да му се посветат на нивниот син Арчи. Но, она што не ѝ се допаѓа на кралицата е дека Меган и Хари практикуваат веганска исхрана и смета дека каде и да е, ќе почнат да го навикнуваат и Арчи на тоа.
Во близина на дворецот во Виндзор тие имале своја градина за зеленчук, а Меган јаде само органска храна. Сепак, кралицата смета дека мало дете не смее да биде веган, за да може правилно да се развива, а потоа самото да одлучи кој начин на живот ќе го практикува.