Кралското семејство ги донира „мечињата на Елизабета“ на хуманитарна организација

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од илјада мечиња оставени од граѓаните во чест на покојната британска кралица Елизабета Втора ќе бидат донирани на хуманитарна организација за згрижување деца, соопшти Бакингемската палата.

Граѓаните оставиле плишани мечиња пред кралските резиденции во Лондон и Виндзор, јавува Си-Ен-Ен.

Плишаните играчки ќе бидат професионално исчистени и донирани на хуманитарната организација „Бернардо“, која им помага на загрозените деца и млади.

Кралицата Елизабета Втора беше покровител на оваа добротворна организација од 1983 година до 2016 година, кога Камила Паркер, сопруга на кралот Чарлс Трети, ја презеде функцијата.

Кралицата Елизабета почина на 8 септември, а граѓаните оставија цвеќиња, свеќи, пораки, играчки пред резиденциите.

Слични содржини