Кралското семејство ѝ го честита 39-иот роденден на Меган Маркл

од Stefanija Kuzmanovska

Меган Маркл денес го слави својот 39-ти роденден, а со оглед на ситуацијата во светот поради пандемијата на коронавирус, таа веројатно ќе го прослави во најблискиот круг на семејството во Лос Анџелес, со сопругот принцот Хари, синот Арчи и мајка ѝ Дорија.

Британската јавност беше изненадена од честитките од кралското семејство. Имено, кралицата Елизабета, но и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, со кои Хари и Меган не се во најдобри односи, ѝ го честитаа роденденот денеска.

Членовите на кралското семејство ѝ испратија срдечни честитки на Меган преку социјалните мрежи.

„Ѝ посакуваме на војвотката од Сасекс среќен роденден“, стои заедно со фотографија на Меган на официјалниот профил на Твитер на војводата и војвотката од Кембриџ.

Кралицата Елизабета исто така ѝ посака среќен роденден преку официјалниот профил на „Кралското семејство“, со заедничка фотографија на кралицата Елизабета (94) и Меган, за време на нивниот прв заеднички ангажман, во Честер во 2018 година.

Британските медиуми потсетуваат дека кралицата не ѝ го честитала роденденот на Меган на социјалните мрежи минатата година.

Слични содржини