Краток спој – причина за ланскиот пожар во кумановскиот Суд

од Nikola Popovski
36 прегледи

Прибраните докази и вештачењето покажале дека краток спој на електрична инсталација е причина за пожарот кој лани се случи во кумановскиот Суд, соопшти Јавното обвинителство.

Оттаму информираат дека нема основа за постапување, бидејќи е утврдено дека пожарот не е резултат на човечки фактор и не е намерно подметнат.

Лани беше објавено дека изгоре архивата на судот во Куманово откако пожар избил во подрумските простории. Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) тогаш соопштија дека пожарот избувнал по 1 часот по полноќ пред два дена.

-ТППЕ Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен Суд Куманово во 1.35 часот. Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и седум пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е уште е на терен, соопшти тогаш РЦУК.

Слични содржини