Кражба на дипломатски таблички од пред амбасада во Скопје

од Nikola Popovski

Украдени се регистарски таблички од автомобил кој што припаѓа на странска амбасада, информираат од СВР Скопје.

Според полицијата, настанот се случил во текот на вчерашниот ден во периодот од 23.00 до 09.20 часот.

– Вработена во амбасада на странска земја пријавила дека  пред амбасадата на ул.„Франклин Рузвелт“ биле одземени дипломатските регистарски таблици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Слични содржини