Кражба на Панини сликички во Аргентина

од Vladimir Zorba
267 прегледи

 Вооружени лица од Аргентина украле десетици илјади Панини сликички од претстојното Светско фудбалско првенство во Русија, соопшти полицијата.

Петтемина мажи упаднале во печатницата Мунро во предградие на Буенос Аирес, и заканувајќи се со оружје ги натерале вработените да внесат десетици кутии со сликички во нивниот камион.

Секоја кутија содржела по илјада ќесички со по пет слики од фудбалерите од репрезентациите учеснички на натпреварувањето. /МИА