Креаторите на најмалите машини во светот зедоа “Нобел”

од desk3
77 прегледи

Французинот Жан-Пјер Соваж, Шкотланѓанецот Фрејзер Стодарт и холанѓанецот Бернар Феринха ја освоија Нобеловата награда за хемија за развој и синтеза на молекуларни машини, соопштија светските информативни агенции и Nobelprize.org.

Тие развиваат молекули со контролирании движења кои можат да вршат задача кога ќе им биде дадена енергија.

655-402-nobelova-nagrada-himiia

Нобеловците за хемија за 2016 година ги миниатиризираат машините и ја одведуваат хемијата во нова димензија.

Молекуларните машини можат да се користат за развој на нови материјали, сензори и системи за складирање на енергија.

Нобеловата награда за хемија се доделува од Кралската шведска академија на науките од 1901 година

Добитници на Нобеловата награда за хемија со голема слава се: Сванте Арениус (1903), Ернест Радарфорд (1908), Марија Кири (1911), Ирене и Фредерик Жолио-Кири (1935).

Монетарната еквивалентност на Нобеловата награда е осум милиони шведски круни (830 000 евра или 930 000 американски долари).

Минатата година Нобеловата награда за хемија ја освоија Томас Линда, Пол Модриќ и Азиз Санџар за испитување на механизмите за “поправка” на ДНК.