Во новиот извештај на Народната банка за стабилноста на банкaрскиот сектор во Македонија се нотира дека месечната и годишната промена кај кредитите на корпоративниот сектор во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута” – се нотира во извештајот на Народната банка. Анализата на податоците покажува дека „моторот“ на вкупниот раст на кредитите се оние за корпоративниот сектор, пренесува „Бизнис инфо“.
Конкретно, увидот на податоците покажува дека во јуни е достигнат историски пик на годишен пораст на кредитите за компаниите за дури 16% со што апсолутниот износ на кредитната задолженост достигна 4,18 милијарди евра.
Домаќинства, пак на крајот од јуни по основ на кредити, должеле 4,27 милиони евра, со пораст од 10,3% на годишно ниво. Вкупната кредитна здолженост на корпоративниот сектор и на домаќинствата на крајот од првото економско полугодие изнесува 8 495 333 400 евра.