Креирал лажен профил на Фејсбук и објавил експлицитни фотографии од поранешната девојка

од Nikola Popovski
237 прегледи

Струмичанец заработи кривична пријава откако без дозвола на лажен Фејсбук профил објавувал фотографии од женско лице, соопштија од полицијата.

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против З.К.(31) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „злоупотреба на лични податоци“.

-Пријавениот, без согласност, на женско лице од струмичко село, со која бил во љубовна врска, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил каде објавил експлицитни фотографии од неа, а дополнително по електронски пат фотографиите ги испраќал и на други лица, информираа од МВР.

Слични содржини