Крем пире од компир

од desk2
1,K прегледи

Подгответе едно понакво компир-пире.

Состојки

1,5 kg компир,
200 g крем-сирење,
60 g путер,
100 ml млеко,
бибер, сол.

Подготовка:

Компирот измијте го и излупете го. Исечете го на коцки.

Варете го во врела вода со сол додека не омекне. Процедете го и вратете го во садот.

Додајте крем-сирење и гмечете додека сите грутчиња не исчезнат.

Во друг сад на ниска температура растопете путер со млеко. Прелијте го компирот и промешајте. Ставете сол и бибер и послужете.