Вкусна и освежувачка салата.

СОСТОЈКИ:
2 домати
2 краставици
1 помала главица кромид
1/2 шолја милерам
2 лажици маслиново масло
2 лажици сок од лимон
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Доматите, краставиците и кромидот исечкајте ги. Посолете, побиберете и прелијте со милерам.
Додајте маслиново масло и сок од лимон, па измешајте.
Оставете во фрижидер 1 час пред сервирање.