Никој не може да му одолее на овој фантастичен десерт!

СОСТОЈКИ:
4 јајца
15 лажици шеќер
100 гр путер на собна температура
2,5 шолји од 2 дл брашно
1 шолја јогурт
2 лажици какао
1/2 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
50 гр искршено млечно чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Белките со половина од шеќерот посебно разматете ги во цврст снег. Жолчките разматете ги со половина од шеќерот и додајте ги останатите состојки, на крај со лажица додајте снег од белки. Корпичките полнете ги до половина, ставајте по лажица Нутела, па прекријте со смесата.
Печете околу 20 минути на 200 степени. Направете крем од 1,5 дл павлака за шлаг и 150 гр чоколадо за готвење и со тоа можете да ги украсите мафините.
Уживајте!