Послужете како прилог или како главно јадење со сезонска салата.
СОСТОЈКИ:
1 кг компири
2 главици кромид
2 парчиња праз
600 мл млеко
400 мл павлака за готвење
8 чешниња лук
15 гр свеж рузмарин
6 листови свеж ловор
1 ммусактно оревче
50 гр пармезан
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупете ги компирите, исчистете го кромидот и празот. Исечкајте на парчиња со дебелина од половина см. Загрејте ја рерната на 180 степени. Излејте млеко и павлака во тава, додајте изгмечен лук, рузмарин и ловор. Причекајте да зоврие па веднаш исклучете го огнот и извадете ги зачините.
Измешајте изрендан пармезан и посолете по потреба. Во сад наредете компири, кромид и праз, прелијте со кремаста смеса и додајте го остатокот од пармезанот.
Печете на 30 минути покриено со фолија, а потоа уште 45 минути без фолија, да поприми златна боја./Gotvi.mk